Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА даде дозвола прво да продолжат сезоните во националните првенства, а дури потоа да се доиграат Лигата на шампионите и Лига Европа.
Дека тоа е така, потврди и претседателот на Лион, Жан Мишел- Аулас кој го откри датумот на одигрување на реванш средбата со Јувентус.
Натпреварот е закажан за 7. август, а се верува дека тогаш ќе бидат и останатите натпревари од Лигата на шампионите и Лига Европа.
„Натпреварот против Јувентус е закажан за 7 август. Ќе се игра во торино без присуство на публика. Ако жалбата во Лига 1 да не се игра плеј-оф не вроди со плод, тогаш Лион и ПСЖ ќе бидат масакрирани во Лигата на шампионите од тимовите кои ќе бидат физички поподготвени од нас“ –изјави Аулас.
Во првата средба Лион го победи Јувентус со минимални 1:0, додека ПСЖ веќе избори пласман во четвртфиналето откако беше подобар д тимот на Борусија Дортмунд.