Евертон го посакува Лозано, Наполи не брза да го продаде


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Раководството на Евертон сака да го донесе крилниот играч на Наполи, Ирвинг Лозана во нивниот тим.

Сепак, Наполи не брза да го продаде овој играч, па тие му поставија цена од 50 милиони евра, а доколку не го продадат, тоа нема да биде проблем.

Лозано пристигна во Наполи од ПСВ на почетокот на минатата сезона за Наполи рекордни 38 милиони евра.

Сепак, тој немаше најдобар почеток на својата кариера во Италија, па на 23 настапи во дресот на Наполи постигна три гола и забележа две асистенции.

Тој беше доведен во Наполи од досегашниот тренер на Евертон, Карло Анчелоти, кој сега сака да го донесе и во Евертон.