Обамејанг му дал ветување на дедо му дека ќе заигра за Реал, сега има понуда од „кралевите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг веројатно ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Габонецот ќе има уште една година од својот договор со „топчиите“, па од клубот ќе се согласат да го пуштат за сума од околу 40 милиони евра со цел да заработат на неговата продажба.

Меѓу заинтересираните клубови е и Реал Мадрид кој сака да го види Обамејанг во своите редови. Искусниот напаѓач уште во 2016 година, додека играше за Борусија Дортмунд му посочил на неговиот дедо дека во негова чест еден ден ќе потпише за Реал Мадрид, а сега ја има баш таа прилика.

„Пред да умре му ветив дека еден ден ќе заиграм за Реал Мадрид. Мојот дедо беше од Авиља, не многу далеку од Мадрид. Тоа му го реков. Знам дека нема да е лесно, но тоа ќе е нешто што ќе го имам на ум“ –изјави Обамејанг уште во 2016 година.