Крај за Стекеленбург во Евертон


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Холандскиот голман Мартен Стекеленбург летово ќе го напушти Евертон, пренесува Фудбал Инсајдер.

Искусниот голман има договор до крајот на оваа сезона, а споменатиот извор известува дека нема да биде продолжен и дека голманот ќе мора да бара нов клуб.

37-годишниот фудбалер не бранеше за Карамелите од октомври 2018. година, бидејќи први избор беше Џордан Пикфорд.

Пред Евертон, Стекеленбург бранеше за Ајакс, Рома, Фулам, Монако и Саутемптон. Запиша дури 58 натпревари за репрезентацијата.

Да потсетиме, минатото лето се шпекулираше дека овој Холанѓанец може да направи трансфер во кариерата и да стане член на Реал Мадрид, но тоа не се случи на крајот затоа што Реал ја донесе Алфонс Ареола од ПСЖ како резервна опција за Тибо Куртоа по заминувањето на Кејлор Навас.