„Нејмар и Меси мора да го освојат СП за да бидат подобари од мене!“


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Поранешниот бразилски напаѓач Едисон тврди дека во најдобрите години бил меѓу најдобрите фудбалери во светот.

Освојувачот на Светското првенство (СП) со Бразил од 2002 година тврди дека е подобар од Нејмар, а дека Лионел Меси мора да освои Мундијал за да биде подобар фудбалер.

„На врвот на кариерата играв подобро од Нејмар. За да биде подобар од мене, мора да го освои Светското првенство. Исто така, Меси мора да го освои трофејот за да го сметаат подобар играч од мене“, кажа Едисон.

Едисон помина само една сезона во Европа, кога во 1994/95 играше за Бенфика и постигна 17 голови на 31 меч.

Остатокот од кариерата го помина во бразилски клубови, а играше уште и во Јапонија и на Емиратите.