„Серија А ќе почне повторно на 13 јуни, сигурен сум 99%“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на италијанскиот Олимписки комитет, Џовани Малаго кажа дека 99% е сигурен дека Серија А ќе продолжи на 13 јуни.

Италијанскиот фудбалски шампионат беше прекинат пред два месеци, а вчера управата на лигата реши да продолжи првенството на 13 јуни.

Иако некои луѓе се скептични поради тоа, сепак еден од оптимистите е Малаго, кој вели дека 99% е сигурен во тоа дека ќе продолжи Серија А.

Мала пречка има во реализирањето на препораките на здравствениот одбор и докторите, но сигурно ќе се пронајде протокол според кој ќе се функционира.

„Еднаш кога лигата ќе почне, не знам како би била повторно запрена“, кажа тој на заканата од министерството за здравство дека шампионатот ќе биде прекинат доколку еден фудбалер е позитивен на Ковид-19.