ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Некогашниот бразилски репрезентативец, Едилсон истакна дека на врвот на играчката кариера бил подобар од Кристијан Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.
Едилсон со репрезентацијата на Бразил го освои Светското првенство кое во 2002 година се одржа во Кореа и Јапонија, а со Палмеирас и Коринтијанс четири пати беше шампион на Бразил.
„Во најдобрите денови играв подобро од Нејмар. Треба да го освои Светското првенство за да биде подобар од мене. ЗаМеси да е подобар од мене и тој мора да го освои Светското превенство. Што се однесува до Кристијано, тој е само сила. Добро ја удира топката со двете ноѕе, но јас бев повешт од него“ –изјави Едилсон.
Интересно е тоа што Едилсон само една сезона помина во Европа и тоа играјќи за Бенфика, а останатиот дел од кариерата ја градеше во Бразил, Јапонија и во ОАЕ.