Роберто Карлос: Меси и Кристијано не можат да се споредат со Роналдо!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сите имаат различен став за тоа кој е најдобар фудбалер во историјата. Некои ќе ви кажат Пеле, Јохан Кројф, Диего Марадона, Кристијано Роналдо, Лео Меси…

Легендарниот Роберто Карлос смета дека Аргентинецот и Португалецот воопшто не може да се споредат со неговиот сонародник Роналдо.

„Роналдо и на тренинг доминираше. Беше најдобар. Никој никогаш нема да биде како него. Како Ел Феномено не може да бидат ниту Нејмар, Кристијано, Меси… Тој е уникатен. Мислам дека би било потешко да се постигне гол кога игравме ние. Дефанзивците беа подобри“, кажа Карлос.