Мароканец планирал да ги разнесе ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид на „Ел Класико“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден човек од Мароко е уапсен неодамна во Шпанија затоа што се сомневале дека планира напад врз ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид.

Шпанските медиуми објавија дека мароканскиот државјанин бил уапсен под сомнение дека планирал напад на „Ел Класико“, а наводно 33-годишниот човек признал дека имал таква намера во полиција.

Неговото име ќе биде соопштено дури кога ќе почне судењето за случајот, а тоа е вообичаена процедура според законите во Шпанија.