Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повремениот репрезентативец на Македонија, Кире Маркоски си замина како слободен фудбалер од кипарски АЕЛ Лимасол и кариерата ја продолжи во Карвина од Чешка.
Чешкиот клуб денеска го промовираше Македонецот како нивно засилување за предизвиците кои доаѓаат во иднина.
„Карвина е фантастичен клуб со одлична структура и стадион. Ми се допаѓа чешкото првенство и има голем потенцијал да биде уште подобро во иднина. Мислам дека ова е добра одлука за мене“, кажа Маркоски.