Арсенал отворил преговори со играч на Јувентус

„Ле10 Спорт“ пишува дека од редовите на Арсенал започнале преговори со Јувентус за нивниот играч, Адриен Рабио.

Францускиот интернационалец има лоша прва сезона во Торино, а „топчиите“ ќе се обидат да го искористат тоа и за помала сума да го донесат 25 годишниот фудбалер во Премиер лигата.

Арсенал се соочува со конкуренција за потписот на Рабио затоа што за него има интерес и од Евертон и од Њукасл кои исто така сакаат да го ангажираат францускиот фудбалер.