Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на неделата ќе биде донесена конечна одлука за италијанската Серија А. Во следните неколку дена ќе бидат одржани неколку состаноци, а најважниот е на 28 мај, кога министерот за Спорт, Винченцо Спадафора ќе мора да пресуди дали ќе продолжи сезоната.
Досега сите информации беа дека фудбалот ќе се врати на програмата од следниот месец. Последните информации покажуваат дека Серија А ќе продолжи на 13 или 20 јуни.
Фудбалскиот сојуз на Италија и италијанската лига работат на календарот на натпревари со оглед на тоа дека останаа уште 124 меча. Во меѓувреме беше доставен и протоколот до италијанската Влада.
Натпреварите ќе се играат во два термини, и тоа од 18.30 и 21 часот, откако поради барањето на Синдикатот на фудбалерите беше отфрлен терминот 16.30.