Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ле10 Спорт“ пишува дека Арсенал го контактирал агентот на фудбалерот на Барселона кој во моментов настапува за Баерн Минхен, Фелипе Кутињо.
Микел Артета сака да го донесе Бразилецот во Северен Лондон и е подготвен да му понуди редовно место во првиот тим.
Барселона е отворена за преговори за играчот и веројатно ќе го пушти на едногодишна позајмица со право на откуп на неговиот договор, нешто слично како што игра во Баерн Минхен.
Челси веќе подолг период се интересира за ангажман на Кутињо, па се чини дека Барселона нема да има тешка задача да го продаде играчот.