Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мруињо не очекува неговиот клуб, а ниту било кој друг клуб да троши големи суми на пари во летниот преоден рок.
Многумина се прашуваат кога ќе започне преодниот рок, но повеќето се свесни дека кога и да започне екстремно богати трансфери нема да бидат можни поради кризата предизвикана од коронавирусот.
„Прво прашање е кога ќе биде тој преоден рок? Не мислам дека може да се ограничи само на јули и август, мора да биде подолго од тоа. Нормално е пазарот сега да биде поинаков, мислам дека светот, посебно фудбалскиот свет не е подготвен за луди суми на пари кои претходно ги трошевме.
Би сакал мојот клуб да биде тоа што знам дека ќе биде, балансиран, нема да трошиме брдо пари, ќе ја почитуваме ситуацијата во друштвото и светот“ –изјави Мурињо.