Реал Мадрид нуди четири фудбалери во замена за Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да се засили ова лето со фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба. Французинот беше голема желба на „кралевите“ и кога играше за Јувентус, а сега шпанскиот гигант повторно ќе се обиде да го добие неговиот потпис.

„Кралевите“ овој пат нудат четири фудбалери во замена за францускиот репрезентативец, а во трансфер-понудата се Мартни Одегард, Хамес Родригез, Лукас Васкез и Брахим Диаз.

Ова дефинитивно е примамлива понуда за „ѓаволите“, кои нема така лесно да го одбијат предлогот, па сигурно наскоро ќе го кажат својот одговор.

Во секој случај, дури и при размена, Јунајтед не мора сите фудбалери да ги задржи односно може да продаде некој од нив за да заработи и пари.