Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во голема полициска акција во Босна и Херцеговина во четвртокот беше уапсен и познатиот судија од УЕФА, Славко Винчиќ.
Винчиќ е уапсен во заедничката полициска акција на Србија, Словенија и БиХ, а притоа биле приведени повеќе лица кои се осомничени за организирање проституција.
Словенечките медиуми објавија дека Винчиќ е уапсен како гостин на забавата на старлетата Тијана Ајфон, а Фудбалскиот сојуз на Словенија вели дека судијата бил на „погрешно место во погрешно време“.
Винчиќ му беше помошник и на Дамир Скомина во минатото, а од сезонава беше вистинска ѕвезда на УЕФА, па судеше и три меча во Лигата на шампиони (ЛШ).