Кој ќе го засили нападот на Милан: Промашувањето на Реал или иранскиот Меси?


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Милан бара засилување во нападот, кое би му требало бидејќи Златан Ибрахимовиќ следната сезона најверојатно нема да игра на „Сан Сиро“.

Од Италија пристигна твдење дека Лука Јовиќ, кој без дилема може да се нарече промашување на „кралевите“ е приоритет на „росонерите“ летово.

Иако „кралевите“ мораше да платат 60 милиони евра за него, сепак цената падна поради лошите настапи и Милан може да го добие за помалку пари.

Како алтернатива се споменува Сардар Азмун, односно „иранскиот Меси“. Тој во 2019 година од Рубин Казан се пресели во Зенит. Оваа сезона 25-годишниот Иранец постигна 14 голови и седум асистенции на 29 меча.

Сепак, доколку Милан се реши за Азмун, тогаш ќе има голема конкуренција од Наполи.