Како да е бокс-меч: Бивш фудбалер на Академија Пандев со кроше го нокаутираше ривалот (ВИДЕО)


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Фудбалерот на Напредак, Марио Маслаќ доби директен црвен картон на крајот на првото полувремеме од мечот меѓу Раднички Ниш и Напредак Крушевац, при резултат 0-0, откако удри еден играч на Раднички.

Иако топката беше на другата страна, сепак двајцата фудбалери се бореа за позиција, а судијата добро го забележа потегот на Маслаќ, кој по повлекувањето со лево кроше го испрати противникот на тревата.

Маслаќ во претходните неколку години го носеше дресот на Академија Пандев, а настапуваше и во Беласица.