Реал Мадрид дефинитивно се сели, Бејл повторно „глуми“ актер (ФОТО+ВИДЕО)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид продолжија со подготовките за рестартот на сезоната во шпанското првенство, а тоа што се најавуваше во понеделникот, сега доби и потврда. Шпанскиот гигант нема да ги игра натпреварите на „Сантијаго Бернабеу“.

Со оглед на тоа дека натпреварите ќе се играат без публика, Реал реши да го користи помалиот објект, односно стадионот „Алфредо Ди Стефано“ со капацитет од 6.000 места за да ги намали трошоците за организација.

Шпанскиот шампионат ќе продолжи на 11 јуни со градскотодерби на Севилја, а натпреварите ќе се играат секој ден.

Барселона во моментов е лидер со 58 бодови, додека шпанскиот клуб има два бодови помалку.