Нови правила во Премиерлигата: Ограничен број на фудбалери, стручен штаб, медиуми…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Планот за враќање на фудбалот на Островот успеа, а сите со нетрпение го чекаат 17 јуни, кога ќе почне да се игра на терените на Премиерлигата.

Очекувано, протоколот за натпреварите е остар, а предложени беа неколку интересни работи кои клубовите мора да ги почитуваат.

Клубовите на натпреварите ќе може да пријават 20 играчи, од кои 17 ќе бидат во екипата и три на „чекање“. Исто така, ќе може 12 члена од медицинскиот и тренерскиот персонал да се најдат на стадионот, како и 10 претставници на екипите.

Вкупно на натпреварите во Премиерлигата ќе може да присуствуваат 300 луѓе, а сите ќе бидат на одредено растојание и интересно е тоа што и судиите во ВАР-собата ќе бидат разделени на повеќе локации.