Од Валенсија лути на Гасперини, бараат да биде казнет


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Валенсија очекуваат УЕФА да нема милост и да го казни италијанскиот тренер, Џанпјеро Гасперини кој призна дека бил позитивен на коронавирусот за време на натпреварот одигран на „Месталја“.

Гасперини го навлече гневот на шпанската јавност затоа што изјави дека чувствувал мачнина, но дека не знаел дека е позитивен на коронавирусот.

Ваквото признание го натера шпанскиот клуб експресно да реагира со официјално соопштение. Од Валенсија истакнаа дека се изненадени од коментарите на Гасперини и тврдат дека тој изложил голем борј луѓе на ризик.

Сега и министерот за здравство задолжен за Валенсија, Ана Барсело, изрази разочарување од одлуката на Гасперини да патува во нејзиниот град.

„Се однесуваше неодговорно. Знаеше дека доаѓа во подрачје со голем ризик, не смееше да патува. Ваквите информации во секој случај покажуваат зошто натпреварот мораше да се игра пред празни трибини, како што беше случај“ –изјави Барсело.