Барселона по три месеци се врати на „Камп Ноу“, на тренинг се појави и Меси! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона следната недела по три месеци пауза повторно ќе одиграат меч во шпанската Ла Лига, која продолжува на 11 јуни со дуелот меѓу Севилја и Бетис, додека Каталонците гостуваат кај Мајорка.

Каталонците се подготвуваат со силно темпо, а по долга пауза конечно тренираа на „Камп Ноу“. Во клубот решија да одработат тренинг на главниот терен, што ги воодушеви фудбалерите на овој тим. Но, посебно радува што тренираше и Лионел Меси.

Аргентинецот во претходните денови не тренираше поради проблеми со повредата, но очигледно сега е во подобра физичка форма и треба да биде подготвен за мечот против Мајорка.