Серија А потврди: Ако се прекине првенството, ќе се игра плејоф за титулата!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Доколку повторно биде прекината сезоната во италијанската Серија А, шампионот ќе биде решен преку плејоф или специјален алгоритам.

Иако поголем дел од тимовите беа против идејата со математичка формула да се реши шампионот, сепак италијанскиот сојуз ги одобри плановите на Собранието со 18 гласови За и три против.

Ако Ковид-19 повторно направи хаос во сезоната која продолжува на 20 јуни, шампионот ќе биде решен со плејоф, како и патниците во Серија А, но и екипите кои ќе играат во европскте натпреварувања.

Доколку не е можно тоа, ќе се користи алгоритам за конечен пласман на таблеата, а кој ќе ги земе во предвид одиграните натпревари, освоените бодови, постигнатите голови, жолти и црвени картони.