Санталов: Може да ги прашате тимовите зошто потпишав за Мешков, а не за Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот ракометар Димитри Санталов требаше да биде најново засилување на европскиот шампион Вардар, но денеска Мешков Брест ги изненади сите откако го потврди неговиот ангажман.

Санталов за руските медиуми зборуваше за тоа зошто потпишал за белоруската екипа, а не за Вардар, како што сите очекуваа.

„Имав повеќе понуди. Освен Вардар и Мешков Брест, ме сакаа тимови од Бундеслигата и Франција. Можев да останам и во Русија, но сакав авантура надвор од татковината. Треба да ги прашате клубовите за да ви го дадат точниот одговор зошто потпишав за Мешков. Јас следев што се случува и во Вардар и забележав дека работите може да се променат“, кажа Санталов.