Солскјер со јасен став: Не сакам скапани јаболка во мојот тим


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека не сака да има скапани јаболка во тимот и посочи дека доста внимателно ќе ги одбира новите играчи кои треба да пристигнат на „Олд Трафорд“.

Откако пристигна во Манчестер Јунајтед, Норвежанецот ги ангажираше Даниел Џејмс, Арон Ван Бисака, Хари Мегваер, Бруно Фернандеш и Одион Игало и сите фудбалери блеснаа во првата сезона носејќи го дресот на „ѓаволите“.

„Кога играв во Јунајтед се чувствував привилегирано. Никогаш не дозволував да се погледнам во огледало знаејќи дека не сум дал се од себе за соиграчите и тренерите. Такви играчи сакам и сега. Мора да имаат силен карактер, да бидат квалитетни личности. Во тимот не сакам скапани јаболка затоа што поради нив ќе скапаат и другите“ –изјави Солскјер.

Солскјер во летниот и зимскиот преоден рок се ослободи од неколку фудбалери кои според многумина беа вишок на „Олд Трафорд“.