Трансфер целта на Арсенал најави заминување од својот клуб: Агентот и татко ми во моментов се многу зафатени…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се верува дека Арсенал е фаворит во битката за потписот на фудбалерот на Фејенрод и турски репрезентативец, Оркун Кокцу.

Дека би можел да реализира трансфер потврди и самиот фудбалер кој истакна дека во моментов неговиот агент и неговиот татко се доста зафатени.

„Мојот татко и мојто агент во моментов се зафатени околу мојата иднина. Што се однесува до мене, јас ќе се обидам да се изолирам од тие разговори во овој период. За среќа, јас сум фудбалер, а не агент. Сакам да го дадам најдоброто од себе следната сезона.

Засега работам како да ќе останам во Фејенорд. Имам договор со клубот до 2023 година и не се брзам. Но, кога ќе пристигне нешто и се чувствувам добро поради таквата понуда, ќе ја разгледам можноста“ –изјави Кокцу.