Бејл со провокација на тренинг ги налути навивачите (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл повторно ги изнервира навивачите на Реал Мадрид. Тој се врати на тренинзите на шпанскиот гигант, а пак изведуваше голферски потези.

Тоа ги потсети навивачите на неговото знаме, на кое имаше порака „Велс, голф, Мадрид“. Навивачите сметаат дека неговото однесување е неприфатливо.

Бејл остана во Мадрид и покрај големиот број шпекулации, па има договор на уште две години, а против Еибар нема да биде стартер бидејќи Зинедин Зидан ќе игра со Асенсио – Бензема – Азар.