Клоп ја загуби битката за Вернер, ама ќе си купи засилување од Барселона


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул заедно со Челси беше главен фаворит за потписот на Тимо Вернер од Лајпциг, но фудбалерот реши да се пресели во Лондон.

Клоп, сепак, си најде засилување од Барселона, а станува збор за Осман Дембеле, кој би можел да пристигне во актуелниот европски шампион.

Англиските медиуми објавија дека Ливерпул почнал преговори со Барселона околу напаѓачот, па сака да го договори пред почеток на преодниот рок.

Се очекуваше тие да го ангажираат Вернер, но сепак Франк Лампард успеа да ја добие таа битка, па Клоп ќе мора да се задоволи со Дембеле.

Дембеле сака да остане во Барселона, но поради тоа што нема добар однос со управата би можел да се пресели во Ливерпул.