Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Микел Артета истакна дека е прилично позитивен околу потпишувањето на нов договор за Пјер Емерик Обамејанг.
Договорот на Габонецот истекува следното лето и се верува дека оваа недела ќе биде клучната во пресрет на неговата иднина.
За Обамејанг има голем интерес од тимови од Италија и Шпаија кои сакаат да го видат играчот во своите редови.
„Имавме многу дискусии со Пјер, со неговото семејство и со неговиот агент. Прилично позитивен сум дека ќе најдеме конечен договор. Мислам дека наша одговорност е да направиме да се чувствува дека тоа ќе е вистинскиот чекор во неговата кареира. Во таа насока, тој треба да биде ценет, тој треба да чувствува дека припаѓа кај нас“ –изјави Артета.