Екс играч на Реал Мадрид со критики до Гризман: Изгледа како 14 годишно дете


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман и понатака е изложен на низа критики од јавноста во Шпанија.

Французинот никако да ги покаже своите квалитети на „Камп Ноу“ и да се прилагоди на дресот на Барселона.

Во саботата на средбата со Мајорка беше стартер, но по неполн час игра беше заменет, а при излегувањето од теренот беше видно лут.

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Хавиер Балбоа остро го критикуваше Гризман по овој натпревар.

„Тој е еден од најдобрите светски играчи, игра во Барса со Меси и Суарез, но не се појавува на теренот. Изгледа како дете од 14 години, а не светски шампион. Не може да се прилагоди на играта на Меси, Суарез и Барселона? Тоа е прашање на желба и став. Брејтвајт дојде од Легањес и успеа да го направи тоа“ –изјави Барлбоа.