Салах вчера го прослави својот 28 роденден и го доби најубавиот подарок од неговата ќерка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мохамед Салах вчера го прослави својот 28 роденден, и доби голем број на честитки од целиот свет.

Фудбалерот на Ливерпул не можеше да организира забава за своите пријатели и соиграчи заради различните забрани во Англија, па затоа тој го помина овој роденден само во друштво на своето семејство.

Салах и неговата сопруга имаат второ дете веќе четири месеци, Кајан. Покрај тоа, тие имаат уште една девојче, Макку, со која е особено приврзан Салах.

Тој на Твитер покажа дека добил посебен подарок од неа за неговиот роденден, маица на која пишува „Неверојатен тато“. Покрај сите подароци и честитки што ги доби, овој е дефинитивно неговиот омилен.