Легенда „удри“ по Роналдо: Тој не може никого ни да издрибла!

Легендарниот италијански напаѓач Лука Тони го критикуваше фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој не се покажа најдобро во мечот против Наполи во финалето на Купот.

Јувентус е поразен од Наполи по пенали, а Роналдо вторпат во само неколку дена го одигра мечот под свое ниво.

Поранешниот најдобар стрелец во Серија А смета дека Португалецот е еден од проблемите за екипата на Маурицио Сари.

„Ова е пораз кој го носи потписот на Кристијано Роналдо. Португалецот не е доволно подготвен и не може да издрибла ниту еден фудбалер“, кажа Тони.

Поранешниот напаѓач на Фиорентина, Рома, Јувентус и Баерн Минхен, сепак, имаше пофалби за еден фудбалер, а тоа е Џанлуиџи Буфон.