Италија во шок: Познат спортист се бори за живот по тешка сообраќајка! (ВИДЕО)

Алекс Занарди се наоѓа во тешка состојба по сообраќајката која се случи во тек на трка во Италија. Тој удри во камион и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде што имал операција на мозокот.

Занарди загубил контрола и преминал на спротивната лента на која се наоѓал камион, во кој удрил со голема брзина.

Пред 19 години поранешниот возач во Формула 1 доживеа голема несреќа во Германија, кога остана без двете нозе. Сепак, тоа не го спречи и понатаму да се натпреварува во спортот.

Од 2011 година освои 14 медали на големите натпреварувања, од кои 11 беа златни.