Потресна сцена на Апенините: Судијата даде знак, а тренерот почна да плаче (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалот во италијанските лиги продолжи овој викенд, а вчера на распоред беа останатите натпревари во Серија А и Серија Б. Враќањето го одбележа и емотивна сцена од дуелот меѓу Ливорно и Цитадела.

Италијанскиот сојуз претходно реши сите натпревари да почнуваат со минута молк за починатите од вирусот. Италија е една од најпогодените земји во светот од болеста и многумина останаа без своите најблиски.

Кога судијата на мечот Ливорно-Цитадела даде знак да почне минутата молк, тренерот на Ливорно, Антонио Филипини почна да плаче. На него пред неколку недели му почина мајката од вирусот.