ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Црвена Звезда објави дека првотимците Марко Гобелиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ се позитивни на Ковид-19.
Гобељиќ, Јованчиќ, Петровиќ и Конатар ги имале симптомите и пред мечот од последното коло во Суперлигата на Србија против Пролетер, па поради тоа не биле на стадонот.
Јовичиќ, од друга страна, одигра 65 минути во мечот против Пролетер, а потоа присуствувал и на церемонијата за доделување на трофејот, но од Ц. Звезда порачуваат дека сите биле тестирани и добиле негативни резултати.
„Состојбата на фудбалерите внимателно се следи, а ќе биде направено ново тестирање пред почетокот на подготовките за следната сезона. Играчите кои не можеа да го кренат трофејот, ќе ги добијат медалите на првиот меч на нашиот стадион. Клубот им посакува брзо оздравување“, соопштија од Ц. Звезда.