Реал Мадрид се пожали на распоредот во Ла Лига


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона се израмнија на осум кола пред крајот и речиси сигурно ќе водат голема битка до крајот.

По мечот во неделата, Реал успеа да го преземе врвот во Ла Лга. Јасно е дека има голема напнатост во Шпанија.

Ла Лига јавно гообјави распоредот за 33 и 34 коло, па во Мадрид забележаа дека ќе имаат помалку одмор од ривалот Барселона. Тие два меча ќе играат за 72 часа, додека Каталонците ќе одмараат пет дена.

Во 33. Коло Реал игра против Атлетик Билбао, а потоа го дочекува Алавес. Од друга страна, Барселона игра два дена пред Реал и потоа во недела ги очекува меч против Виљареал.