Солскјер искрен: Ми се допаѓа тимот, но далеку сме од претенденти за титула


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Мначестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека е среќен со неговиот состав, но потврди дека истиот се уште не е ни блиску до борба за шампионската титула.

Манчестер Јунајтед до крајот на сезонава ќе се бори за пласман во Топ 4, а веќе од следната сезона се очекува клубот да оди скалило погоре, па да се бори за повисоките позиции на табелата.

„Напредувавме оваа сезона во која имавме 11 натпревари без пораз. Не сме многу далеку и јас сум многу среќен со составот што го имаме.

Ако има можност за добри трансфери  на играчи кои може да не направат подобри, секако дека ќе потрошиме пари на тоа.

Се уште не сме каде што сакаме да бидеме, а тоа е блиску до борба за титулата во Премиер лигата.

Се надеваме дека годинава до крај ќе се бориме за трофеите во Европа Лига и ФА Купот, како и за топ 4, а потоа ќе видиме колку ќе инвестираме за следната сезона“ –изјави Солскјер.