Фудбалер на Рома доби отказ, скапо го чинеа провокативните слики со девојка му! (Фото)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерот на Рома на позајмица во Виторија сетубал, Мирко Антонучи доби отакз во португалскиот клуб поради проблематичното однесување надвор од теренот, односно на социјалните мрежи.

Премногу фотографии со девојка му скапо го чинеа Антонучи, а од клубот му замерија што тоа не треба да биде однесување на еден фудбалер.

„Фудбалерот мора да биде 24 часа дневно на Виторија, од почит кон навивачите и сите останати. Клубот, управата и стручниот штаб се согласи дека однесувањето не е прифатливо за тимот и поради тоа се раскинува позајмицата“, соопштија од португалскиот тим.