Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тимот на Арсенал конечно славеше победа по двата неуспеси против Манчестер Сити и Брајтон по рестартирањето на сезоната.
Избраниците на Микел Артета со 2:0 славеа на гостувањето на „Сент Мери“ кај Саутемптон.
Играта и на овој натпревар не треба да го радува Артета, меѓутоа резултатот им оди во корист затоа што на крајот се радуваа на трите бода.
Во првиот дел гол постигна Един Нкетиа кој ја искористи катастрофалната грешка на голманот Мекарти и го отвори резултатот.
Конечниот резултат пак го постави Џо Вилок со гол во 87. минута од натпреварот кој воедно беше негов прв сениорски погодок во кариерата.