Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Челси денеска одигра за Ливерпул откако со 2:1 славеше против тимот на Манчестер Сити.
По оваа победа на „Сините“ веќе нема дилеми, Ливерпул и официјално по цели 30 години пауза е нов шампион во Премиер лигата.
„Црвените“ чекаа кикс на Манчестер Сити за и математички да го обезбедат трофејот кој толку многу им фалеше во последните децении.
Челси го отвори резутлатот со погодокот на Кристијан Пулишиќ, додека резултатот го изедначи Кевин Де Брајн.
Конечниот резултат од пенал го постави искусниот Вилјан кој сигурно реализираше откако претходно Фернандињо играше со рака и заработи директен црвен картон.