Манчестер Јунајтед се изнамачи против Норвич, но се пласираше во полуфиналето од ФА Купот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед е првиот патник во полуфиналето од англискиот ФА Куп откако денеска со судни маки го совлада Норвич со 2:1.

Норвич одлично се држеше и успеа дури и да биде непоразен по 90 минути во кои резултатот беше 1:1.

Манчестер Јунајтед до победа стигна со гол во 120. минута кој го постигна Хари Мегваер.

Првиот погодок го постигна Одион Игало во раната фаза од вториот дел, а на 1:1 израмни Тод Кантвел кон финишот од натпреварот.

Треба да се напомене дека Норвич двете продолженија ги играше со играч помалку и успешно одолеваше на нападите на Манчестер Јунајтед до крајот на натпреварот.