Солскјер жртвува четири фудбалери за да си ја оствари најголемата желба


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека уште не е сигурен колку пари ќе има на располагање за трансфери.

Неговата најголема желба е Џејдон Санчо, но за него ќе мора да плати дури 110 милиони евра на Борусија Дортмунд.

Во овој момент тоа се премногу пари, секако доколку Јунајтед не се ослободи од неколку фудбалери во моментов.

Солскјер е подготвен да продаде неколку фудбалери, меѓу кои се Џеси Лингард и Алексис Санчез, кој заработува 400.000 фунти неделно.

Исто така, со оглед на тоа дека со нивната продажба нема да се соберат доволно пари, Солскјер е подготвен да жртвува и двајца стопери, односно Фил Џонс и Крис Смолинг.