Како успеа поранешната келнерка Ула да го запре Клоп да потпише за Манчестер јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јирген Клоп, човекот кој му ја донесе титулата на Ливерпул по 30 години чекање се поврзуваше претходно и со преселба во Манчестер јунајтед.

По импресивните резултати со Борусија Дортмунд, Клоп беше желба на Јунајтед во сезоната 2013/14, но на крајот шанса му дадоа на Дејвид Мојс, кој целосно разочара.

И кој знае што ќе се случеше доколку Германецот тогаш се преселеше во Манчестер, но тоа не се случи поради Ула, неговата сопруга која ја запозна во 2005 година за време на Октоберфест, додека работела како келнерка во Минхен.

Клоп одбил можност да го преземе Јунајтед токму поради Ула, но затоа таа му кажала дека Ливерпул е вистински потег за него, и очигледно не згрешила.