Арсенал го растури Норвич, „канаринците“ на работ на амбисот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од 19:00 часот се одиграа два натпревари од 31. коло од англиската Премиер лига.

Екипата на Арсенал со убедливи 4:0 славеше против тимот на Норвич и со тоа речиси го испрати во Чемпионшип лигата.

Обамејанг на два пати, Џака и Соареш по еднаш беа стрелци на головите за тимот на Арсенал.

Евертон му нанесе пораз на Лестер откако со 2:1 славеше на својот „Гудисон Парк“ и со тоа сериозно го стави во прашање пласманот во Лигата на шампионите на „лисиците“ кој пред паузата беше сигурен учесник во елитното натпреварување.

Борнмут пропушти уште една шанса да се спаси од амбисот откако со 1:4 загуби на сопствениот терен.