Манчестер Јунајтед ја потврди разделбата со играчот на кој му се предвидува блескава иднина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед ја потврдија разделбата со 19 годишниот Анхел Гомеш кој не го продолжи својот договор со клубот.

„Ѓаволите“ му понудиле нов повеќегодишен договор на Гомеш вреден 25.000 фунти неделна плата, но истиот бил одбиен од играчот кој не бил задоволен од минутажата.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се разочарани од однесувањето на Гомеш затоа што сметаат дека играчот доби доволно шанса од Солскјер, меѓутоа истата не ја искористи со доста слаби настапи.

Паралела повлекоа со Мејсон Гринвуд и Брендон Вилијамс, играчи кои со двете раце ја зграпчија приликата и сега се често во првиот тим на „ѓаволите“.