Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на Барселона, Лионел Меси ги прекина преговорите за продолжување на договорот и подготвен е да го напушти каталонскиот гигант во 2021 година, кога ќе му заврши сегашната соработка.
Радиото „Кадена Сер“ објави дека Меси и неговиот татко почнале преговори со клубот за да ја продолжат соработката, но решиле да ги прекинат бидејќи 33-годишниот Аргентинец е разочаран од ситуацијата во клубот.
Меси е лут што од клубот се појавиле информации за лошата атмосфера, за отказот на тренерот Ернесто Валверде, но и дека е фрустриран поради лошиот квалитет на тимот.
Аргентинецот, кој последните години стана гласен во критиките на клубот, го постигна својот 700. гол во кариерата против Атлетико Мадрид, но Барселона има четири бода помалку од Реал Мадрид.