Погба со посебна фризура упати силна порака (Фото)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба на вечерашниот натпревар против Борнмут излезе со специјално изработена фризура со која упати силна порака.

Имено, Французинот на главата имаше фризура со тупаница, која е симбол на борбата против расизмот.

Сите клубови од Премиер лигата со паролата „Black Lives Mater“ испраќаат порака дека и црните луѓе имаат свои права, а сето тоа беше поттикнато по смртта на Џорџ Флојд во САД кој беше убиен од страна на полицаец.