Јувентус славеше против Торино, Роналдо за прв пат со гол од слободен удар во Серија А (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипата на Јувентус славеше убедлива победа од 4:1 против градскиот ривал Торино и го продолжи походот кон нова титула во Серија А.

Дибала уште во 3. минута го отвори резултатот, а на 2:0 зголеми Квадрадо со гол во 29. минутаод средбата.

На самиот крај на првиот дел, во шестата минута од продолжението, Андреа Белоти од пенал го намали резултатот на 2:1 и тоа беше се од Торино.

Во второто полувреме Кристијано Роналдо, конечно, го постигна својот прв погодок од слободен удар за зголемување на водството од 3:1.

До крајот Торино си постигна автогол преку Џиџи за конечни 4:1 за Јувентус.