Арсенал со важна победа против конкурентот за излез во Европа, Вулверхемптон


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Арсенал забележа важна победа на гостувањето на „Мулину“ кај разиграниот Вулверхемптон.

Резултатот во 43. минута го отвори младиот и талентиран Букајо Сака кој со одмерен удар го матираше Руи Патрисио.

Конечниот резултат го постави Александре Лаказет кој во самиот финиш од натпреварот одлично одговори на асистенцијата на Вилок за важни три бода за „топчиите“.