Ван Дајк откри зошто одбил другите гиганти и потпишал за Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул конечно ја освои Премиерлигата, по пауза од 30 години, а најзаслужен за тоа е тренерот на клубот, Јирген Клоп, кој го крена тимот на повисоко ниво.

Стоперот Вирџил Ван Дајк ја подобри одбраната на премиерлигашот, а со уште неколку нови фудбалери Клоп доби тим кој може и во следните сезони да се натпреварува за титули.

Не е тајна дека Клоп имал понуди од повеќе гиганти пред да потпише за Ливерпул, но дефанзивецот откри зошто потпишал за шампионот.

„Имав понуди од Челси и Манчестер сити, но за мене најважен во тимот беше тренерот, а Јирген Клоп е причината поради која се преселив во Ливерпул. Тој е специјален и има нешто повеќе од другите“, кажа Ван Дајк.